САМО ТРАМП МОЖЕ ДА СЕ ДОГОВОРИ СО ПУТИН Орбан смета дека Крим не треба да ѝ биде вратен на Украина

Повикајте го Трамп назад(...) Трамп е човекот кој може да го спаси западниот свет, рече Орбан во интервјуто со Такер Карлсон.

1,142

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека западните земји треба да склучат договор со Путин кој нема да вклучува враќање на Крим и членство на Украина во НАТО, пишува Блумберг. Орбан го изјави ова за време на интервјуто со поранешниот водител на Фокс Њуз, Такер Карлсон, кое беше објавено на Твитер.

Орбан смета дека единствениот начин да се стави крај на војната е е повторно да се избере Доналд Трамп за претседател на САД за да му се дозволи да ја прекине финансиската помош за Киев.






– Повикајте го Трамп назад(…) Трамп е човекот кој може да го спаси западниот свет – рече тој.

Во 30-минутното интервју, снимено во канцеларијата на Орбан со поглед на Будимпешта, лидерот рече дека победата на Украина против Москва „не е само недоразбирање. Тоа е лага. Тоа е невозможно“, додавајќи дека Русите се „далеку посилни“ и дека „тоа што на крај ќе се брои е колку чизми има на земјата“.

 

Интервјуто на Орбан со Такер Карлсон доби пофалби за интервјуто од Маргарита Симонјан, уредничка на телевизијата РусијаДенес(РТ) кои некои ја нарекуваат „новинарката на Путин“.

– Такер врши одлична работа. Патем, тој навистина бара интервју со Владимир Путин! Би било одлично некој да го слушне ова и да ја пренесе оваа порака до претседателот – рече таа.

Негативен коментар за интервјуто на Орбан пак, стигна од Киев. Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко на Фејсбук напиша:

„Не знаеме за Унгарија, но Украина не тргува со своите територии или нејзиниот суверенитет. Всушност, веќе почнавме да се грижиме дека Виктор Орбан направи (толку) долга пауза во повикот за прекин на снабдувањето со оружје за Украина и за легитимирање на руската агресија“.

Поврзани содржини