САМО ТОЈ ГО МОЖЕ ОВА Том Круз на уникатен начин им се заблагодари на обожавателите што го гледале „Топ Ган“ (ВИДЕО)
Холивудската суперѕвезда Том Круз им се заблагодари на обожавателите што го гледаа „Топ Ган: Маверик“, на најдобар можен начин со скокање од авион.
Холивудската суперѕвезда Том Круз им се заблагодари на обожавателите што го гледаа „Топ Ган: Маверик“, на најдобар можен начин со скокање од авион. Актерот во моментот се наоѓа во Јужна Африка каде ги снима новите делови од „Невозможна мисија“, а на обожавателите им испрати порака во свој стил.
„Не сакав годината да заврши без да ви се заблагодарам што дојдовте во кината и го поддржавте „Топ Ган: Маверик“, извикал додека седел на работ од авионот.
„Каде застанав? О да. Ви благодарам што го поддржувавте „Топ Ган: Маверик“ и ви благодарам што ни дозволивте да ве забавуваме. Тоа ми е навистина животна чест“, рекол тој, додавајќи дека губи на висина и дека е подобро да се врати на работа,
До него седел Кристофер Мекквари, сценаристот на „Топ Ган: Маверик“ и режисер на новите продолженија на „Невозможна мисија“, кој се пошегувал со Круз дека неговата порака треба да биде кратка за да можат да го снимат кадарот.
„Ви посакувам безбедни и среќни празници. Се гледаме во кината“, рекол Круз додека летал низ африканското небо.
Да потсетиме, новиот „Топ Ган“ е најуспешниот филм на Круз, кој го лансираше на самиот врв на листата на најплатени актери во 2022 година.
A special message from the set of #MissionImpossible @MissionFilm pic.twitter.com/sfnWWluLyl
— Tom Cruise (@TomCruise) December 18, 2022
ФОТО: Твитер