Само среќните се логираат на vakcinacija.mk

Страната тешко се отвора, а оние кои ќе успеат да се логираат по неколку минути чекање им се појавува дека страницата е во прекин.

1,048

Вистинска умешност е да добиете можност да се пријавувите за вакцинирање против ковид -19 на  веб страната vakcinacija.mk.

Граѓаните се жалат, а и Плусинфо провери дека е тешко да се пристапи до страната. Страната тешко се отвора, а оние кои ќе успеат да се логираат по неколку минути чекање им се појавува дека страницата е во прекин.






Искуството на граѓаните кои се легирале е вакво:

Среќа е да се логираш, вели граѓанин кој не успеал да ја заври постапката.

– Се логирав и ги внесов сите податоци, но кога пополнив матичен број и телефон, на копчето за СМС не можев да стиснам за да добијам код и тука заврши мојот обид да се пријавам за вакцинација.- вели граѓанин.

Една од посреќните е скопјанка која објаснувак ако успеала да го заврши процесот до крај.

– Ако успееш да ја отвориш страната тогаш ќе добиеш упатство дека се чека неколку минути, а потоа се јавува делот каде што се оставаат личните податоци и местото каде што сакаш да се вакцинира Јас успреав да се логирам – вели таа.

Поврзани содржини