„САМО СОНК МОЖЕ СО НАЈАВА ЗА ПРОТЕСТ ДА ОСТВАРИ БАРАЊЕ ВЕДНАШ“ Неделков соопшти дека е добиено зголемувањето на платите во културата

Вработените во  културата пред два дена протестираа бидејќи не ја добиле мартовската плата и имаат информација дека кога ќе ја добијат нема да им биде пресметано законското зголемување од 12%, според колективниот договор.

1,774

Повеќе од 3.000 вработени во културата од денеска  ја примаат мартовската плата со зголемување од 12%, откако најавија протести за утре.

Информацијата ја сподели претседателот на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) Јаким Неделков на својот профил на социјалните мрежи






„Само СОНК може со најава на протест да ги оствари своите барања веднаш!
Денес почна исплатата на зголемена мартовска плата за 12 % во културата!“, напиша Неделков

Вработените во  културата пред два дена протестираа бидејќи не ја добиле мартовската плата и добиле информација дека кога ќе ја добијат нема да им биде пресметано законското зголемување од 12%, според колективниот договор. Тие најавија протести во текот на оваа недела, но веројатно Министерството за култура и Министерството за финансии се договориле зголемувањето да биде пресметано во нивната плата.

Поврзани содржини