Само со ПЦР тест косовските државјани може да влезат во Македонија

Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години.

355

Владата на денешната трета седница донесе одлука за задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ Македонија.

Согласно усвоените предлози во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид-19 се додадат два нови става во насока:






– Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години,

– Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија и во случај на транзитирање низ државата.

Владата на денешната седница, разгледа и донесе повеќе други одлуки, меѓу кои и збирниот Извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен.

Поврзани содржини