САМО ШТО ТРГНАА, КРЕНАА РАЧНА Тетовскиот јавен превоз на принуден паркинг
Поранешнтата градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, ги промовираше автобусите на 17 јануари годинава, но и покрај најавите дека превозот ќе стартува брзо, тоа се случи дури на 16 август.
Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по нецели четири месеци функционирање, за што има повеќе причини, соопшти Општината.
„Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП ‘Тетовo транспорт’ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие“, се наведува во соопштението на Општина Тетово.
Поранешнтата градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, ги промовираше автобусите на 17 јануари годинава, но и покрај најавите дека превозот ќе стартува брзо, тоа се случи дури на 16 август. За потребите на претпријатието беа набавени пет автобуси.