Само што се вратила од САД – ова е убиената ќерка на министерот на Уганда (ФОТО)

Четворица напаѓачи на мотоцикли отвориле оган кон возилото во кое се наоѓал генерал Катумба Вамала, во предградието на Кампала, Киасаси, јави локалната телевизија НБС.

1,202

Вооружени лица денеска се обидоа да извршат атентат на министерот за труд на Уганда, генерал Катумба Вамала, но притоа ја убија неговата ќерка и возачот на автомобилот, а поранешниот командант на војската е ранет, соопштија армискиот портпарол и локалните медиуми.

Четворица напаѓачи на мотоцикли отвориле оган кон возилото во кое се наоѓал генерал Катумба Вамала, во предградието на Кампала, Киасаси, јави локалната телевизија НБС.






Снимките кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат Вамала со отворена уста, во очигледна неволја покрај автомобил, и светло панталони испрскани со крв. На снимките од социјалните мрежи може да се видат и дупки од куршуми во прозорецот на автомобилот и чаури на земјата.

– Тој беше застрелан … тој е повреден и одведен во болница, неговиот возач е убиен – изјави портпаролката на војската, бригаден генерал Флавија Бјекваса.

– Двете рамена му се повредени – рече пратеникот Крис Бариомунси за НБС. Ќерката на Вамала, која била во возилото со него, исто така е убиена, објави НБС.

Ќерката на Вамала, Бренда Нантонго Вамала, само што се вратила од САД и почнала со работа во Уганда.

Поврзани содржини