САМО ШТО ГИ ЗАКАЖА, ГИ ОТКАЖА СИТЕ КОНЦЕРТИ Селин Дион не може да се движи
Тимот на Дион испрати соопштение во кое образлужи дека пејачката има проблеми со неволеви контракции на мускулите и не може најстабилно да се движи на сцената.
Поп-дивата Селин Дион ги откажа сите концерти во Калифорнија поради здравствени причини. По цели осум месеци подготовки, музичката ѕвезда Селин Дион мора да го откаже шоуто на кое долго време работеше. Претходно, поради пандемијата беше откажана и нејзината светска турнеја.
Првиот концерт во Лас Вегас беше закажан за 5 ноември, со него требаше свечено да го отвори новиот ресорт, каков што досега не е виден на американскиот континент. Потоа, во јануари и во февруари требаше да продолжи со настапи во салата која беше специјално адаптирана за нејзиното големо шоу.
„Срцето ми е скршено и многу сум тажна што после толку труд и подготовки, моите концерти нема да се одржат. Жал ми е ако ги разочарав сите луѓе кои стојат зад овој проект, посебно моите фанови кои со нетрпение ме очекуваа“, напиша таа.
Тимот на Дион испрати соопштение во кое образлужи дека пејачката има проблеми со неволеви контракции на мускулите и не може најстабилно да се движи на сцената.