САМО ПОРАДИ ЕДНА ПРИЧИНА Тарантино нема да ѝ даде ниту цент на мајка си од своите 120 милиони долари
Американскиот сценарист, режисер и критичар, продуцент и актер Квентин Тарантино откри дека не ѝ помага финансиски на својата мајка бидејќи таа ги исмевала неговите писателски способности.
Тој е награден со Оскар и денес „тежи“ 120 милиони долари. Меѓутоа, од својата 12-годишна возраст се заколнал дека нема да ги подели парите со неговата мајка, која сега има 72 години. Тој сѐ уште се придржува до тие одлуки.
Гостувајќи во подкастот „Момент“, Тарантино се потсетил на деталите како таа ги поддржувала наставниците кои го прекориле за пишување на едно сценарио.
Мајка му уште одамна неговите вештини за пишување ги нарекувала глупости, а тој тогаш ѝ одговорил дека нема да види ниту цент од неговиот успех во иднина.
Тарантино ја започна својата кариера како независен режисер со објавувањето на „Reservoir Dogs“ во 1992 година, кога доби пофалби од критичарите.