САМО МАГАЦИНИТЕ НА СЛАВИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА ВРЕДАТ 4 МИЛИОНИ ЕВРА Опозиција ја обвини власта за грабеж на државниот имот
Арсовски дополни и дека поголем број на луѓе блиски од власта се заинтересирани за имотот на АД Славија.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш предупредија на можноста АД Славија, прептријатието во доминантна сопственост на државата, да биде продадено по неколкукратно помала цена од реалната.
– Овој имот позади мене старите магацини на Славија во Кисела Вода кој е во сопственост на АД Славија, според официјалната проценка од 2016 година чини над 4 милиони евра. Ова е еден од објектите кој е една од најкрупните причини за продажба на АД Славија, како атрактивна локација за градење каде што согласно плановите треба да никнат згради како што може да видите и во околината. Предвидена урбанизација, тоа го насетил некој од власта и сака обезвреднета фирма да купи за 218.535 евра и да заработи 10-тици милиони евра. Ако земеме во предвид атрактивноста на локацијата и земјиштето, цената на ова земјиште кое што припаѓа на Славија може да скокне многу над 4 милиони евра наредните години -позочи портпаролот на партијата Димче Арсовски.
Арсовски дополни и дека поголем број на луѓе блиски од власта се заинтересирани за имотот на АД Славија.
– Сакаме уште еднаш да апелираме, до сите оние кои што кружат како имиња замешани во цел овој криминален процес во најава, тука ќе ги споменам, прв Зоран Заев, ќе го споменам Фатон Асани, кој што излезе да го брани овој криминал во најава јавно на телевизија, ќе го потсетам Љупче Николовски – Путерот дека треба да лови корупција, а не да ја организира, ќе го споменам од познати причини кој што се интересира за АД Славија и Рубин Земон актуелен пратеник од СДСМ, кој наоколу уличарски организира продажба – додаде тој.