САМО КОЦЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ИГРА ЗА НАСЛЕДНИК НА ЈОВЕСКИ Советот на јавни обвинители ги отфрли кандидатурите на Фетаи и на Раичевиќ

Коцевски доби едногласно позитивно мислење и сите членови на Советот имаа само пофални зборови за него за време на дискусијата.

194

Од тројца кандидати само Љупчо Коцевски го помина филтерот во Советот на јавни обвинители во борбата за тоа кој ќе го наследи Љубомир Јовески на функцијата државен јавен обвинител.

Коцевски доби едногласно позитивно мислење и сите членови на Советот имаа само пофални зборови за него за време на дискусијата.






– Се работи за најсериозен кандидат кој треба да добие апсолутна поддршка од Советот и треба да добие позитивно мислење. Посакувам тој да биде избран. Убеден сум дека ќе може да се носи со функцијата – рече членот Изет Меџити.

Инаку Коцевски е дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, како и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.

Кариерата ја почнал како адвокат, па потоа бил дел од Вишото ЈО во Гостивар, а од пред извесно време е дел од републичкото ЈО.

Поврзани содржини