САМО КАЈ НАС БИЛО НЕПОТИЗАМ АКО СИНОТ НА СУДИЈА СТАНЕ СУДИЈА Вели тврди дека секаде тоа е традиција

1,325

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам вели за Детектор, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.

– Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва. Нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството – рече Вели за Детектор.

Поврзани содржини