САМО ЕДНО НЕШТО ГО СПАСУВА ПУТИН Ако Републиканците победат, нема да има чек за Украина
Дека Републиканска партија ќе ја преземе контролата во Конгресот е реално за очекување. Многу често во ваквиот тип на „средни“, мид-терм избори партијата во опозиција ги менува картите. Тоа може да значи нула долари помош за Украина. Републиканците преку ноќ стануваат симпатизери на Путин, па денес партијата личи повеќе на националниот фронт на Марин Ле Пен отколку на некогашната економска десница. Логиката е дека никој не сака да финансира нова војна во Европа со тоа што ќе ја помага Украина, ниту пак дека е паметно САД да се расфрла со пари во криза. Третиот аргумент е оној на Доналд Трамп, кој кога дојде на власт рече дека ќе ги сопре сите скапи воени активности на земјата во странство.
Војната во Украина се чини дека е во шах-пат позиција. Додека Украинците бавно напредуваат на југ, а Русите повремено гранатираат на север, Владимир Путин се надева на едно нешто кое за две недели би можело да му донесе пресврт. Тоа се изборите во Конгресот на САД. Републиканскиот лидер Кевин Мекарти вели дека ако партијата ја преземе контролата во долниот дом, тогаш за Украина ќе секне воената помош.
– Мислам дека луѓето ќе се најдат во рецесија и нема да потпишат бланко чек на Украина. Тоа едноставно нема да работи. Украина е важна, но во исто време не може да биде единствена и не може да добие бланко чек – рече човекот кој се надева дека ќе биде претседател на Претставничкиот дом на Конгресот.
Дека Републиканска партија ќе ја преземе контролата во Конгресот е реално за очекување. Многу често во ваквиот тип на „средни“, мид-терм избори партијата во опозиција ги менува картите.
Но, зарем републиканците на Доналд Трамп се руски ориентирани? Не баш, во американското општество огромното мнозинство граѓани ја поддржуваат Украина. Но, републиканскиот став е дека финансирањето на Украина може да предизвика поголема војна во Европа и да ги отвори вратите на пеколот. Застанувањето на американските екстремисти на страната на Путин се случува чекор по чекор, па така денес Републиканската партија личи повеќе на Националниот фронт на Ле Пен отколку на она што таа традиционално претставува.
На почетокот на војната Трамп јавно го пофали Путин
На почетокот на војната, Трамп јавно го пофали Путин дека направил „брилијантен потег“ и „покажал голема сила“ со инвазијата на Украина. Тогаш Трамп молчеше затоа што расположението на американската јавност несомнено беше на страната на Украина, а проруски испади имаа само екстремните екстреми на Републиканската партија, како Марџори Тејлор Грин или Пол Госар.
Но, големата битка за Путин сето ова време ја водеше Такер Карлсон, влијателен водител на Фокс Њуз, кој јавно застана на страната на Москва. Кога најгледаното шоу во Америка секоја вечер со месеци ја повторува руската пропаганда, луѓето почнуваат да веруваат во тоа. Карлсон за првпат претвори дел од републиканската база во авторитарна, про-Путинистичка.
„Со кого мислиш дека зборуваш?“
Тука во игра доаѓа споменатиот Кевин Мекарти. Зборуваме за политичар од Калифорнија кој навистина не го води ништо друго освен невидена амбиција да ја наследи Ненси Пелоси. Мекарти некогаш беше умерен републиканец, а неодамна во 2016 година веруваше дека Доналд Трамп е на платниот список на Владимир Путин. Тој немаше лесни односи со поранешниот американски претседател.
Историјата ќе го памети телефонскиот разговор на Мекарти и Трамп пред обидот за државен удар на 6 јануари 2021 година, кога Мекарти од бункерот инсистираше Трамп да ја отповика толпата што ја преплави зградата на Конгресот.
– Но, Кевин, ми се чини дека овие луѓе повеќе се грижат за изборите отколку тебе – тогаш му рекол Трамп.
Пучот не успеа, но тој остана да виси околу вратот на Трамп, што е преголема тежина за неговата понатамошна политичка кариера Доналд Трамп изгледаше политички мртов. Се повлече во својата резиденција на Флорида, Твитер и другите социјални мрежи му го блокираа пристапот, а се чинеше дека Америка може да здивне.
Но, за разлика од украинските војници, храброста на Кевин Мекарти беше краткотрајна. На самиот крај на јануари, помалку од три недели по нападот на Конгресот, Мекарти отиде во Мар-а-Лаго, му се поклони на Трамп и го врати во републиканската политика, а со тоа и на американската политичка сцена.
Побрзо ќе се ослободи Украина од Путин, одошто САД од Трамп
Затоа, не треба да има сомнеж дека Мекарти навистина има намера да ја прекине помошта за Украина доколку дојде на власт. Републиканците можеби некогаш беа надворешнополитички јастреби, но Републиканската партија во суштина е мртва, падна на Кевин Мекарти и тој ќе прави што и да му каже Трамп.
До сега Конгресот на САД одобри 65 милијарди долари помош за Украина. Новата помош, ако биде изгласана, може да достигне 50 милијарди. Останува да видиме како ќе завршат изборите на 8 ноември. Демократите ќе имаат шанса да го стават гласањето на брза лента и да ја изгласаат помошта, но ако и само ако го задржат мнозинството.
Бајден е толку непопуларен во САД во моментов, што се чини дека побрзо Украина ќе се ослободи од Путин отколку Американците од идната власт на Доналд Трамп.