САМО ЕДНАШ ВО ДЕНОТ МОЖАТ ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА Ограничување за бензинските пумпи во Германија

На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш дневно и тоа попладне да можат да ги зголемат цените, додека  намалување на цените е дозволено повеќе пати во еден ден.

0

Германскиот парламент денеска донесе пакет мерки за спречување на растот на цените на горивата, а главната мерка е забрана за повеќекратно зголемување на цените во еден ден.

Исто, предвидено е и зголемување на ингеренциите на Канцеларијата за борба против картелите за контрола на движењето на цените на горивата.






На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш дневно и тоа попладне да можат да ги зголемат цените, додека  намалување на цените е дозволено повеќе пати во еден ден.

Пакет мерките треба да бидат изгласани и во парламентите на сојузните покраини. Се очекува мерките да стапат во сила пред велигденските празници.

Поврзани содржини