САМО ЕДЕН ОД ДЕСЕТ БИ ДАЛ ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА Американците се песимисти за демократијата во САД
Повеќето испитаници во анкетата на Асошиејтед прес и Центарот за јавно истражување НОРЦ, велат дека американските закони и политика прават прилично лоша работа во претставувањето на она што го сакаат повеќето Американци.
Американците се помалку веруваат во американската демократија. Според најновото истражување на јавното мислење на Асошиејтед прес и Центарот за јавно истражување НОРЦ, само еден од десет возрасни Американци би дал висока оценка за тоа како функционира демократијата во САД или како таа ги застапува интересите на мнозинството Американци
Повеќето испитаници велат дека американските закони и политика прават прилично лоша работа во претставувањето на она што го сакаат повеќето Американци, од прашања за економијата и трошењето пари до политиките за оружје, имиграција и абортус.
Истражувањето покажува дека 53 отсто од луѓето мислат дека Конгресот лошо работи за одржувањето на демократските вредности, а само 16 отсто мислат дека добро ја врши работата. Истражувањето покажува длабоко политичко отуѓување во поделената земја која излезе од пандемијата и влезе во закрепнување во услови на инфлација и стравови од рецесија.
Речиси половина од земјата, 49 отсто од анкетираните, сметаат дека демократијата не функционира во САД, додека десетина сметаат дека е многу добра, а 40 отсто дека не е лоша. Половина од испитаниците сметаат и дека сите партии лошо ја поддржуваат демократијата, 47 отсто од нив мислат така за демократите, а 56 отсто за републиканците. Истражувањето покажува дека 53 отсто од Американците веруваат дека ставовите на „нормалните луѓе“ не се застапени во владата, додека 35 отсто сметаат дека тие се претежно застапени, а 12 отсто дека се силно застапени.
Околу 6 од 10 републиканци и неопределени испитаници мислат дека владата не претставува луѓе како нив, како што сметаат 4 од 10 демократи.