Само еден ден по Ирфан Кан, почина уште една боливудска ѕвезда ФОТО

1,478

Иконата на Боливуд, Риши Капур почина на 67 години од леукемија, само наколку часа откако бил примен во болница.

Актерот, најпознат по улогите во романтичните филмови, итно бил пренесен во болницата во Мумбај во средата наутро, откако страдал од проблеми со дишењето. Меѓутоа, тој починал следниот ден. Оваа тажна вест доаѓа само еден ден откако неговиот боливудски колега Ирфан Кан почина на 53-годишна возраст од инфекција на дебелото црево.






Братот на Риши, Рандир Капур, ги споделил информациите за состојбата на актерот набргу откако бил примен во болницата. Рандир тогаш за индиските медиум изјавил:

„Тој е во болница. Тој има рак и има проблеми со дишењето, па затоа е примен во болницата. Сега е стабилен.“

Неговата сопруга Нету Капур била покрај него кога првиот пат пристигнал во медицинскиот центар. Пораки за поддршка и тага пристигнуваат целиот свет, а славната актерка Пријанка Копра сподели фотографија со Риши и неговата сопруга и напиша:

„Моето срце е толку тешко. Ова е крај на една ера“.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини