Само два пара патики се направени за Обама, еден може да купите за 25.000 долари ФОТО
Сотби вели дека тоа е единствениот пар патики и дека изминатите 12 години се зачувани во совршена состојба.
Аукциската куќа Сотби ги стави на продажба пар патики кои оригинално се дизајнирани за Барак Обама.
Најк патиките чинат 25.000 долари и тоа е конечната цена, бидејќи тие нема да бидат продадена преку аукција. Патиките имаат патриотски мотиви како што се орли и годината 1776.
Станува збор за патики за баскет дизајнирани во 2008 година за Олмпијските игри во Пекинг. Бидејќи Обама е голем љубител на спортот, Најк одлучил да подари пар патики на тогашниот претседател со неколку дополнителни патриотски детали.
Секако, купувачот нема да ги носи патиките на Обама, бидејќи покрај парот кој бил подарен на претседателот и кој според сознанијата и натаму се кај него, направени е уште еден ист пар патики.
Сотби вели дека тоа е единствениот пар патики и дека изминатите 12 години се зачувани во совршена состојба.
Патиките се на продажба од 12 вевруари, во само една големина и само за мажи.
Barack Obama’s Nike Hyperdunk PEs Are Going Up For Sale
DETAILS: https://t.co/yDI6mKrmZZ
— SoleCollector.com (@SoleCollector) February 8, 2021