САМО ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА „ПРОТИВ“ Собранието ги изгласа измените на Изборниот законик

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во образложението на закoнот рече дека зад предлогот стојат сите партии од мнозинството и од опозицијата е дека станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР.

653

Собранието денеска со 78 гласа „за“, два гласа „против“ и еден „воздржан“ усвои измени и дополнувања на Изборниот законик.

Законот беше донесен по скратена постапка, а беше поднесен од пратениците Јован Митревски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Бастри Бајрами, Сурија Рашиди и Борислав Крмов.






Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во образложението на закoнот рече дека зад предлогот стојат сите партии од мнозинството и од опозицијата е дека станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР.

– Се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции – рече Митревски.

Во рамки на 50-тата седница Собранието попладнево со 80 гласа „за“ го донесе и Законот за дополнување на Законот за облигациските односи, а пратениците и две законски решенија во прво читање и три автентични толкувања.

Поврзани содржини