Само доколку го имате победено ковид-19 можете да го посетите овој остров (ФОТО)
Архипелагот Фернандо де Нороња е меѓу најпопуларните бразилски туристички дестинации и само што повторно се отвори за туристите, пишува „Metro“.
Некои земји ги отворија границите за туристите и ги укинаа ограничувањата што ги имаа со цел да се заштитат од пандемијата, а меѓу нив има и остров во Бразил, кој сè уште има само еден услов за влез – посетителите да имаат прележано ковид-19.
Архипелагот Фернандо де Нороња е меѓу најпопуларните бразилски туристички дестинации и само што повторно се отвори за туристите, пишува „Metro“.
Но, секој што сака да го посети ова место, мора да има доказ дека го победил ковид-19. Потребни се два вида тест: тест „PСR“ и тест за антитела „IgG“, што администрацијата на островот ги прифаќа најмалку 20 дена пред пристигнувањето.
Архипелагот се наоѓа на списокот на УНЕСКО за заштитено светско наследство и се наоѓа на околу 300 километри од североисточниот брег на Бразил.
Тие се надеваат дека пристигнувањето на туристите ќе ја опорави економијата, а доколку туристите веќе го победиле вирусот, постои помала можност за повторна инфекција. Затоа, тие ќе можат слободно да се движат околу островот, без страв од можен пренос.
Властите ги прекинаа туристичките посети од март кога пандемијата принуди многу делови на Бразил во целосна изолација. Во таа земја, повеќе од 120.000 луѓе починаа како резултат на пандемијата.
– Во првата фаза од отворањето, само туристите кои се оздравени од ковид-19 и се опоравија и се имуни на болеста, можат да го поминат летото кај нас. Ние веруваме дека тие не можат повторно да се инфицираат или да ја пренесат болеста – изјави администраторот на островот Гилхерме Роча.
Бидејќи островот беше во целосна изолација, Роча вели дека тој е безбеден за туристите.
View this post on Instagram
Quem aí queria estar no lugar do @noronhadog? Depois da quarentena, claro!