САМО ДЕНЕСКА 20% ПОПУСТ ВО FASHION&FRIENDS CITY MALL! Побрзајте да ги видите разубавената продавница и новата колекција
После летната пауза, Fashion&Friends Сити Мол ве чека во ново руво со неверојатно разубавена продавница!
– Дојди овој петок и имај можност прв да видиш каква трансформација направивме! Ќе те внесеме во сосема нов свет на модата и креативноста! Направена по светски стандарди, ставајќи го во преден план фокусот на купувачот и неговото уживање при секоја модна прошетка, ќе посведочиш на простор кој ќе те однесе низ различни модни приказни – велат од Фешн груп.
Секој дел е внимателно осмислен, со впечатливи детали, модни комбинации, дизајнерски сетапи и со сигурност дека ќе го задржи вниманието на купувачите.
– Колку да ти ја заскокоткаме љубопитноста, ќе ти откриеме дека има многу боја и супер впечатливи парчиња од твоите омилени брендови. Уште една причина за да дојдеш е што ќе имаш можност меѓу првите да ја видиш и најновата есенска колекција и да црпиш неограничена модна инспирација од брендовите Desigual, Replay, Diesel, Guess, Liu Jo… Стартувајте ја есента подготвени и тренди – повикуваат од Фешн груп.
За да ја прослават повторната средба со купувачите и вљубениците во брендот, само денеска, петок, ви нудат -20% на сите парчиња од новата есен-зима колекција!
– Започни го викендот со нас и уживај во убавината што ќе те опкружи. Ти ветуваме навистина несекојдневно шопинг-искуство кое вредеше да се чека – додаваат од Фешн груп.