Само дел од заемот од Светска банка ќе се потроши за Ковид одделенија до болниците

За следната година со тие средства е предвидено опремување на неколку постојни болници, кои се соочуваат со недостиг од опрема, а во кои има услови за интензивна нега, како што се болниците во Тетово, Охрид и во Струмица.

462

Заемот од Светската банка е т.н. брз заем, кој го добиле близу 100 земји во светот и е наменет за зајакнување на здравствените системи во секоја од нив. Станува збор за околу 34 милиони долари, за нив е изработен план и меѓудругото ќе се искористат за поставување на мобилните 16 мини ковид одделенија до сите болници, каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие ковид центри со мобилен рендген апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со заемот од СБ и додаде дека за оваа година се предвидени десет милиони долари, за кои вели дека сепак нема сите да бидат потрошени, бидејќи целата постапка доцнела.






За следната година со тие средства е предвидено опремување на неколку постојни болници, кои се соочуваат со недостиг од опрема, а во кои има услови за интензивна нега, како што се болниците во Тетово, Охрид и во Струмица.

– Ќе се обезбедат и лекови за цела 2021 година, сите лекови, кои сега ги имаме преку Студијата од СЗО, помошта од Јапонија, понатаму сите лекови коишто се даваат за овие најтешки пациенти, но и за соодветен број тестови за територијата на цела држава, а сума на пари ќе оди за поддршка за ФЗОМ и ќе се дистрибуира еднакво до сите јавно здравствени установи – појаснува министерот за здравство.

Тој рече  дека проект бил подготвен уште на почетокот на летото, но како што рече, тогаш не бил потпишан од заменичката-министерка за финансии.

-Тој подразбира конкретно зајакнување на системот за етаблирање на нови КОВИД-центри со опремување, понатаму зајакнување на постојните капацитети со опрема, лекови и се што значи поддршка на персоналот, секако поддршка на ФЗОМ. Останатиот дел од заемот е за МТСП – рече Филипче.

Тој истакна дека нема препорака во ниту една здравствена установа за правење серолошки тест, пред да се прави ПЦР тест.

– Серолошките тестови опфаќаат некој друг пристап, анализа на преваленцата на антитела во населението итн. Никако не е индикација, ниту пак ние сме дале од Министерството, ниту пак Комисијата дала таква препорака – подвлече Филипче.

Во однос на алгоритмите, кои ги користат матичните лекари за упатување за тестирање, рече дека засега нема потреба од нивна промена и дека се соодветни за овој временски период.

 

Поврзани содржини