„САМО ДА НЕМА ВОЈНА“ Стиховите од познатата песна на Балашевиќ се појавија во Украина (ФОТО)
Стиховите од песната „Само да рата не буде“ на прочуениот Балашевиќ ги објавија уметници од Украина.
Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ беше против војната во поранешна Југославија, а како порака за мир секогаш ја пееше песната „Само рата да не буде“ (Само да нема војна), а стиховите од оваа песна сега ги објавија уметници од Украина.
Тоа на социјалните мрежи го сподели неговиот син Алекса Балашевиќ.
– Стиховите на татко ми на уште едно бојно поле. За жал. Во Украина!!! Преведено: „Само да нема војна, лудило меѓу луѓето.“ Ова не е ситуација во која гордоста е на прво или на второ место, ова е за жал ситуација кога гордоста е на последно место додека молитвата, помошта и тагата се на троноѕ. Добив многу пораки кога татко ми отиде меѓу ѕвездите од цела источна Европа, потоа се надевав дека ќе продолжат да ми пишуваат за неговите љубовни песни, да ме прашуваат дали навистина постоел Божа Паб но… Господе помогни“, напиша Aлекса додал:
„Група на културно-уметничко друштво на словенската душа составена од нашите православни браќа Украинци, Белоруси и Руси од Источна Украина ни го испрати ова со наслов „Нашата едноставна словенска душа“ на улиците на Мирноград, град во регионот Доњецк каде ѓаволот ги пали своите кандила, Но Бог наскоро ќе му ги изгасне… Нема да се изненадиме кога ќе ни кажат дека еден дух лета над Крим, Одеса и Карпатите и сее мир, како што сееше каде и да отиде… Алекса Балашевиќ „Спасибо братья! Мир во Украина“, напишал Алекса Балашевиќ.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм