Само 30 отсто од можниот број на патници се возат со автобусите на ЈСП

Градоначалникот на Скипје вели дека во овој период ги нема учениците и пензионерите и има помала гужва, а се прилагодува и возниот ред.

621

На дневна основа се следи бројот на патници во ЈСП и во овој момент тој изнесува 30 отсто од она што регуларно се возеле патници во нашиот град. Значи во шпицовите се дуплирани автобусите, особено оние кои се главни градски линии и немаме таков тип на наплив, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Градот е подготвен и оспособен во зависност од бројот на патниците да влезе во спречување на создавање метежи, меѓутоа фактот е кога ќе ги погледнете бројот на валидираните карти, можете да направите лесна компарација и ќе дојдете до заклучок дека само 30 отсто од она што било капацитет во текот на истиот период лани, годинава се возат – вели Шилегов.






Според него, целиот систем се придвижува онака како е потребно по однос на анализите кои ги прават.

– Анализите кои ги имаме покажуваат дека бројот на патници е 30 отсто намален без оглед на тоа колкав е бројот на превозни средства. Едноставно ги немаме учениците, ги немаме веројатно ниту пензионерите, има помала гужва, го прилагодуваме возниот ред на начин да одговори на потребите на граѓаните – дополни Шилегов.

Поврзани содржини