„САМО 20-ТИНА ПАРТИСКИ АКТИВИСТИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД МОН“ Филипче ја нема поддршката ниту од членството, вели Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ
Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот. Факт и реалност е дека СДСМ беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДСМ се лицемерни, вели Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фијаско на СДСM пред Министерството за образование, само 20-тина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот“.
Вака изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
– Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот. Факт и реалност е дека СДСМ беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДСМ се лицемерни – вели Попов и додава:
– Наставниот кадар не наседна на политиканството на СДСM. Кога СДСМ беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година. Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ. Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување на неговиот квалитет.