САМО 1.000 ЛУЃЕ НА ВИЕНСКИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ Останатите 700 ќе добијат резервации за концертот во 2023 година
Според новите рестриктивни мерки кои австриската Влада ги воведе за да се спречи ширењето на омикрон, учесниците на сите настани на кои присуствуваат повеќе од 1.000 луѓе мора да бидат вакцинирани со бустер доза и да имаат негативен ПЦР тест.
Бројот на луѓе на кои им е дозволено да присуствуваат на традиционалниот новогодишен концерт во Виена е ограничен на 1000 за да се спречи ширењето на омикрон, новата варијанта на коронавирусот.
Тоа значи дека 700 лица со купени билети нема да можат да влезат во салата Музикфераин. Но, Виенската филхармонија соопшти дека тие ќе имаат резервирани места за следниот новогодишен концерт на 1 јануари 2023 година.
Според новите рестриктивни мерки кои австриската Влада ги воведе за да се спречи ширењето на омикрон, учесниците на сите настани на кои присуствуваат повеќе од 1.000 луѓе мора да бидат вакцинирани со бустер доза и да имаат негативен ПЦР тест.
Организаторите на новогодишниот концерт решија да го намалат бројот на гледачи во салата за да може да присуствуваат љубителите на музиката кои не биле вакцинирани со третата доза, што е дозволено за настани со помалку од илјада учесници.
На концертот по трет пат, по 2009 и 2014 година, ќе диригира аргентинско-израелскиот диригент Даниел Баренбоим. Виенските валцери, полки и маршеви ќе се емитуваат во повеќе од 90 земји.