СИ ИЗМИСЛУВАМЕ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНИТЕ Два од три случаи се Ноцебо-ефект

Сѐ заедно, авторите заклучуваат дека ефектите на ноцебо се одговорни за 76 отсто од пријавените штетни ефекти од првата доза и за 52 отсто од оние од втората. Во просек, две третини од поплаките на луѓето се должат на негативни мисли и страв.

1,300

Приближно две третини од негативните несакани ефекти пријавени од вакцините против ковид-19 се должат на нашите мисли, односно на таканаречениот Ноцебо-ефект, кога негативните мисли, стравот или грижата за вакцинацијата преовладуваат со умот, пишува ИФЛ Наука. Ноцебо-ефектот во науката се смета за спротивен на Плацебо-ефектот. Плацебо е состојбата кога позитивните мисли преовладуваат, па дури и на неиспиен лек или на погрешен лек ние мислиме дека веќе ни е подобро.

За да ја проверат својата теза научниците од Медицинскиот центар „Бет Израел Диaконес“ на одредена група луѓе наместо вакцина им дале раствор со сол, а на другите вистинска вакцина, а тестирале седум различни типови вакцини. Потоа двете групи на луѓе ги прашувале како се чувствуваат и дали имаат несакани ефекти.






Дури 28,5 отсто од оние кои примиле вистинска вакцина, односно над 45.000 луѓе пријавиле замор и главоболка уште по првата доза. Ова се мали несакани ефекти кои се стандардни. Но, тука доаѓа интересното. За исти вакви главоболки се пожалиле и 19,6 отсто од оние кои добиле обичен раствор со сол, само поради тоа што размислувале негативно.

Несаканите настани биле почести за втората доза кај оние што примиле вистинска вакцина, но опаднале за 10 отсто кај оние кои имале солен раствор. Сѐ заедно, авторите заклучуваат дека ефектите на ноцебо се одговорни за 76 отсто од пријавените штетни ефекти од првата доза и за 52 отсто од оние од втората.

Сепак, има добра вест. Таа е дека ако луѓето се информираат за ефектите на негативното размислување, ноцебо-ефектот значајно се намалува.

– Медицината се заснова на доверба – вели професор Тед Капчук, еден од постарите автори на студијата.

– Нашите наоди сугерираат дека информирањето на јавноста за потенцијалните одговори на ноцебо-ефектот може да помогне да се намалат грижите за вакцинацијата против ковид-19, што може да ја намали колебливоста при вакцинација – додава тој.

За во иднина, научниците би сакале да испитаат колку антиваксерските приказни кои се шират по интернет влијаат на човекото искуство при вакцинирање.

Поврзани содржини