Самит во селото без кучиња
Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело. Во оваа колумна професорот Марјановиќ пишува за одлуката на претседателот на државата да не ја покани Лигата за демократија на самит, на кој, како што посочува професорот, „на иста маса требало да седнат и да разговараат за сегашнината и за иднината на земјата македонските граѓански партии и партиите што одат во Тирана и на Косово по својот став за македонските работи“.
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 11 февруари 1998 година)
За чудо, Претседателот на републиката не ја покани на претстојниот самит Лигата за демократија (некогаш неговата омилена партија). Луѓето од таа мала, но (според органот на ССРНМ) елитна партија (чијшто почесен претседател сум јас) се мошне незадоволни од тој неочекуван гест на шефот на државата.
Од една страна, Лигата за демократија е нормална, легална (регистрирана!) партија со идеи што никого не го оставаат рамнодушен (единствената партија во земјава што ја почитуваат и нејзините политички противници). Од друга страна, на луѓето им пропадна прекрасна прилика и тие да одбијат да се појават на самитот. Притоа, нивните аргументи за тоа пропаднато неодзивање се сосема поинакви од оние на големите опозициони партии.
Според нив (и мене!), имено, има нешто аналфабетско во самата замисла за тој самит: на иста маса треба да седнат и да разговараат за сегашнината и за иднината на земјата македонските граѓански партии и партиите што одат во Тирана и на Косово по својот став за македонските работи.
Каков национален консензус може да се направи со партии што имаат само една единствена цел: денес или утре, со арно или со сила, сите претставници на нивниот народ да живеат во една држава? Разликите помеѓу радикалите и умерените се само во брзината по која ќе се одвива тоа сценарио: според првите, тоа треба да стане уште денес (или во многу блиска иднина), според вторите, треба да се има трпение и да се причека додека азијатскиот наталитет на нивниот народ не ги направи Македонците малцинство во нивната сопствена земја.
Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.
***
Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.
Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.