Самит Г7: Новата жена на Џонсон готви скара за сопругите на светските лидери, сопругот на Меркел ќе биде единствен маж на женската забава ФОТО

На скарата на плажа, се очекува да дојде и првата дама на САД, Џил Бајден, потоа Марико Суга, сопругата на јапонскиот премиер и Марија Серена Капело, сопругата на италијанскиот премиер Марио Драги.

767

 Кери Џонсон, новата сопруга на британскиот премиер се подготвува да ги угости со скара сопругите на светските лидери на Самитот на Г7, што се одржува во Корнвол, Велика Британија.

На скарата на плажа, се очекува да дојде и првата дама на САД, Џил Бајден, потоа Марико Суга, сопругата на јапонскиот премиер и Марија Серена Капело, сопругата на италијанскиот премиер Марио Драги.






Поканети се и Бригит Макрон (Франција), Софи Трудо (Канада) и сопругот на Ангела Меркел, Јоаким Зауер, професор по физика и хемија, кој ќе биде единствениот маж на женската забава на плажа.

На првиот состанок со физичко присуство на лидерите на земјите на Г7 по речиси две години што ќе се одржи денеска фокусот е ставен на пандемијата со ковид-19, глобалните геополитички ризици и климатските промени, јавува Агенција Анадолија (АА).

На тридневниот Самит во крајбрежниот регион Корнвол, се очекува британскиот премиер Борис Џонсон да ги повика лидерите од групата Г7 да соработуваат со цел да се стави крај на пандемијата.

Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS
Поврзани содржини