САМИТ НА „ЕКОНОМИСТ“ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО СКОПЈЕ Криминалот и корупцијата создаваат проблеми, потребно е владеење на правото
На првата панел дискусија Зоран Заев, Албин Курти и Дритан Абазовиќ се согласија дека ако регионот сака во ЕУ мора да ги почитува и европските вредности.
Економскиот напредок на Западен Балкан во пост-ковид периодот, јакнењето на соработката во регионот, ЕУ и САД, како и иднината на земјите од Западен Балкан во овој контекст, беа темите во фокусот на отворањето на вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“.
Премиерот Зоран Заев, кој го отвори самитот, рече дека од голема важност е заедно да ги дискутираме прашањата за идните чекори кои ќе не водат до повисок раст на економиите, за реформите и нивно спроведување, за конкурентноста, социјалната кохезија, финансиските системи, бизнис партнерствата и сето тоа во контекст на нашиот заеднички пат и визија кон ЕУ.
– На самитот на „Економист“ во Атина, што се одржа во јули оваа година, ја истакнав важноста од економски просперитетен Балкан на 21-от век, интегриран во Европската Унија. Тоа се постигнува исклучиво со заедничка соработка со државите од регионот, Европската Унија, САД и сите пријателски држави, со посветена работа и верба во подобра иднина – рече Заев.
Тој рече дека Владата посветено работи на економскиот развој на државата, на отворање нови и подобри платени работни места, преку нови вложувања од нов карактер и фер пазарни услови за инвестирање, како за домашните, така и за странските инвеститори.
– Нашите заложби за креирање предвидлив деловен амбиент, воспоставување на механизми за владеење на правото, водење на стабилни економски политики и креирање поволни услови за инвестирање, се веќе потврдени -рече Заев.
Косовскиот премиер Албин Курти рече дека е важна заедничката соработка во регионот, и јакнење на институциите, ослободени од криминал и корупција. За тоа, рече, Курти, потребни се функционални реформи и владеење на правото.
– Нестабилна демократија е нешто што е карактерситика на овој регион, зависното судство, контролат над медиумите сето тоа е наш најголем проблем. И конечно ние мораме да се соочиме со минатато и само така ќе се посветиме на иднината – рече Курти.
Тој истакна и дека е важен и социјалниот и економскиот напредк во регионот, и тој како социјалдемократ, верува во фер економија со еднакви можности за мажите и жените.
Вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ исто така смета дека корупцијата и организираниот криминал се генераторот на голем број негативности во регионот.
– Доколку не се бориме против негативните фактори во регионот и нашите земји не можеме да имаме институции кои се професионални, независни и кои може да обезбедат подобри животни услови за луѓето. Потребно е и да се надминат проблемите во регионот, да се направат границите невидливи, како во ЕУ за да им овозможиме на луѓето да бидат помобилни, да им го олесниме пристапот – рече Абазовиќ.
Според него, улогата на ЕУ е да дава голем број препораки, од друга страна, вели, има и други супер сили кои имаат конкретно влијание кое е во форма на инвестиции.
– ЕУ конечно треба да разбере дека начинот на кој треба да се изградат посилни партнерства и инвестиции во Западен Балкан. Треба да се забрзаат и да се зголеми бројот на инвестиции во регионот, и особено во инфраструктурата за да се овозможи таа мобилност за сите луѓе. Ќе биде многу добро конечно да постигнеме вистинско помирување на луѓето од Западниот Балкан. Се разбира дека имаме проблеми, па избори, па нов период по изборите, има проблеми меѓу Косово и Србија, Црна Гора и Србија, Северна Македонија и Бугарија, во самата БиХ исто така имаме проблеми. На крајот на краиштата треба да разбереме дека понекогаш нашата реторика не е компатибилна со нашите постапки. Ако навистина сметаме дека треба да ги прифатиме европските вредности и сакаме да бидеме дел од запаната цивилизација и сакаме да се приклучиме кон ЕУ треба да се придвижиме напред во однос на нашето однесување и постапки и да бидеме компатибилни со тие вредности – рече Абазовиќ.
Тој смета дека не треба да гледаме само непријатели на нашите граници, туку пријателство, луѓе со заеднички проблеми кои во голем број случаи се и идентични проблеми како корупцијата, непостоење правда, организиран криминал и треба да се помогнат за над и иако ситуацијата во регионот не е многу оптимистична, тој е оптимист дека земјите од регионот имаат потенцијал кој можат да го искористат на вистински начин со испраќање позитивни пораки преку јакнење на демократијата и институциите.
Во рамки на Самитот предвидени се повеќе панел дискусии на кои свои стаови ќе презентираат повеќе експерти и министри.