САМИ СИ ГО УНИШТИЈА АВИОНОТ КОЈ БЕШЕ НАЈГОЛЕМ ВО СВЕТОТ? Украинските служби ја завршија истрагата за гигантот „Антонов“
Истрагата утврди дека во јануари, а потоа и во февруари, во пресрет на инвазијата на Руската Федерација, обвинетиот Бичков одбил да им дозволи на припадниците на вооружените сили на Украина да влезат на територијата на аеродромот Гостомел за да се подготват за неговата одбрана.
По две години завршена е истрагата на Украинската служба за безбедност (СБУ) за тоа кој е одговорен за уништувањето на најголемиот авион во светот во првите денови од војната. Станува збор за товарниот авион Антонов Ан-225 „Мрија“ вреден 300 милиони долари, според неговиот дизајнер.
Според украинскиот портал Правда за уништувањето се одговорни директорот на фабриката „Антонов“, Серхиј Бичков и шефот на обезбедувањето Александар Нетосов. Тие се соочуваат со 15 години затвор.
„Мрија“ беше целосно уништен во хангарот, при нападот на руските сили на аеродромот Гостомел, а официјален датум на уништување е наведен 27 февруари 2022 година, кога беше објавено видео од запаленото летало.
„Криминалните дејствија на поранешни функционери резултираа со привремено одземање на стратешки важен аеродром за време на битката за Киев и уништување на авионот „Мрија“ АН-225. Истражителите на СБУ ја завршија предкривичната истрага и го поднесоа обвинението до судот“, се вели во соопштението на СБУ цитирано од украинскиот портал Правда.
Украинската безбедносна служба покрена обвинение против поранешниот генерален директор на државно претпријатие.
Истрагата утврди дека во јануари, а потоа и во февруари, во пресрет на инвазијата на Руската Федерација, обвинетиот Бичков одбил да им дозволи на припадниците на вооружените сили на Украина да влезат на територијата на аеродромот Гостомел за да се подготват за неговата одбрана.
The world’s largest airplane was destroyed after Russia invaded Ukraine’s Hostomel Airport in 2022. Photos show the Antonov An-225 “Mriya” being dismantled, with a few engines being salvaged. pic.twitter.com/vOhVOTsNh0
— Game of X (@froggyups) March 2, 2024
Понатаму украинаска Правда го цитира соопштението на службата за безбедност.
Во нападот на аеродромот Гостомел, до кој се наоѓа производствената фабрика и управната зграда на Антонов, беа уништени уште два авиони: Ан-74 и Ан-26, додека Ан-22, Ан-124 Руслан и Ан-132 беа исто така тешко оштетени.
Антонов „Ан-225 Мрија“ беше најголемиот транспортен авион во светот, произведен во Советскиот Сојуз за потребите на тамошната вселенска шатлска програма Буран. „Мрија“ значи „сон“, односно „инспирација“. Советскиот џин беше симбол на украинската слобода со неговиот неверојатен распон од 88,4 метри, тежина од 640 тони, брзина од 850 км/час со шест турбофан мотори и можност за летање и до 9 километри од земјата, пишува ИФЛ Наука.
Тој разнесуваше огромни пратки низ целиот свет, а во пандемијата со ковид-19 во 2020 година помагаше и за разнесување хуманитарна помош.
Се проценува дека реставрацијата на „Антонов“ би чинела над 3 милијарди американски долари и би траела повеќе од 5 години.
Советскиот вселенски шатл имаше само една мисија (која ја изврши со полетување од Мрија), а џиновскиот авион напојуван од шест турбомлазни мотори „Progress D-18T“ ја промени својата цел по исклучувањето на програмата: стана товарен авион за транспорт на гломазен товар што не можеше да се превезе со воз.
Авионот беше приземјен во 2009 година, за во 2020 година, по процесот на модернизација и сертификација, повторно да влезе во употреба.
СОВЕТСКИОТ ЏИН…УНИШТЕН Кој беше Антонов АН-225 и зошто е значаен за Украинците? (ФОТО)