САМИ ПРОВЕРЕТЕ ЈА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА Алатката за дијагноза се вика – топломер

806

Температурата на телото веднаш по будењето може да ви открие дали e сè во ред со тироидната жлезда и дали работи правилно.

Овој начин на проверка на активноста на тироидната жлезда бил откриен пред околу 50 години од доктор Брода Барнс, американски доктор, во неговата книга за активностите и неактивностите на тироидната жлезда, односно ендокрините дисфункции.






Тој ја прогласил температурата на телото за моќен сојузник во откривањето на овој проблем и смислил едноставен тест што можете да го направите дома, во кревет, веднаш по будењето.

Тест Барнс

Подготовката за тестот започнува навечер, пред спиење. Подгответе термометар и протресете го така што температурата што ја покажува да е пониска од 35 степени Целзиусови.

Утрото, откако ќе се разбудите, измерете ја температурата (најдобро е да ставите термометар под пазувите, на гола кожа и да го држите околу 10 минути). Температурата што ќе се прикаже на термометарот по мерењето се нарекува „утринска базална температура“. Запишете ја веднаш за да не заборавите колку е голема.

Направете го тестот 3 дена по ред за да бидете сигурни во неговите резултати.

Резултати од тестот

1. Ако температурата на термометарот е помеѓу 36,5 Ц и 36,8 Ц – штитната жлезда работи

2. Ако температурата на термометарот е пониска од 36,5 Ц – таа е намалена (симптоми на намалена функција на тироидната жлезда се депресија, недостаток на енергија, замор, инфекции, хронична главоболка, недостаток на меморија и концентрација, губење на косата итн).

3. Ако температурата на термометарот е повисока од 36,8 Ц – тироидната жлезда работи забрзано или е присутна инфекција во телото.

Затоа, ако температурата е под или над нормалните вредности, консултирајте се со доктор за да ја потврдите дијагнозата и да добиете стручен совет.

Температурата може да варира поради заразни болести, кај жени кои се во менопауза или имаат менструација. Затоа, направете го овој тест кога сте здрави и кога немате менструација.

Поврзани содржини