САМИ НА ИЗБОРИ ИЛИ ВО КОАЛИЦИЈА СО ДУИ? Села и Таравари усогласени, но ќе пресече Централното собрание на Алијанса за Албанците
Ние имаме одлука на партиското претседателство која е актуелна, но партиското Собрание може да донесе друга одлука. Пред четири месеци рековме дека сами ќе одиме на избори, но ќе ги видиме околностите, ги слушаме и препораките, изјави актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и некогашен лидер на партијата, Зијадин Села смета дека на престојните избори треба да настапат сами, а според него, истиот став го дели и актуелниот партиски лидер, Арбен Таравари.
– Јас сум поборник на идејата дека Алијанса за Албанците треба сама да оди на избори. И понатаму сум на тој став. Алијанса за Албанците ќе биде фактор преку кој промените имаат поента на политичката сцена во земјата. Алијанса за Албанците ќе оди на избори за да победи. Сама? Сама, според мојот концепт, секако има партиски органи. Во моментов постои само една одлука. Станува збор за одлука на централното претседателство Алијанса за Албанците да оди сама на избори. Во оваа дебата некаде околу 90% од членовите на централното претседателство се согласуваат со оваа одлука која ја донесовме заедно. Дали овој став го дели и претседателот на партијата Арбен Таравари? Секако. Тој раководеше со седницата на централното претседателство и на средбите на централното претседателство, но и на заедничките средби го делиме истиот став, односно дека сами треба да одиме на избори – изјави Села во интервју за вестите на Алсат.
Лидерот на партијата, пак, Арбен Таравари, на новинарско прашање околу можно коалицирање на претстојните избори со ДУИ, на настан во Гостивар одговори дека конечниот став ќе биде познат за неколку дена.
Иако лично не го посакува, сепак, како што рече ќе го почитува конечниот партиски став.
– Наскоро ќе го соопштиме нашиот став, со оглед дека нѐ газат роковите. Верувам дека следната недела ќе има одлука. Ние имаме одлука на партиското претседателство која е актуелна, но партиското Собрание може да донесе друга одлука. Пред четири месеци рековме дека сами ќе одиме на избори, но ќе ги видиме околностите, ги слушаме и препораките. Конечната одлука се носи во Собранието, која можеби ќе биде потврдена, а може и не. Јас ќе ја почитувам одлуката, како и секогаш досега – рече Таравари.
Според неговите предвидувања, за ова прашње ќе има одоговор во наредниве четири до пет денови.
Околу препораките на странските дипломати да се направи „нон пејпер“ и да се дистанцира од ВМРО ДПМНЕ, Таравари нагласи дека такво нешто не му е сугерирано и дека е во постојан контакт со претставници на западноевропските земји.