Саманта од „Сексот и градот“ откри зошто немала деца

597

Sвездата на „Сексот и градот“ размислувала и за медицински потпомогнато оплодување, но во еден момент се помирила со фактот дека нема да биде мајка.

Актерката својата најголема слава ја стекна со улогата на Саманта од серијата „Сексот и градот“ додека имала 41 година, а тогаш решила дека никогаш нема да стане мајка.






Популарната актерка Ким Катрал (64) беше гостинка на подкастот „Women’s Prize for Fiction“ каде зборуваше на многу приватни теми, од кои едната беше мајчинството.

Ким откри дека немала време за дете бидејќи работела од утро до вечер.

– Со сите оние часови што морав да ги поминам на снимањето на филмот „Сексот и градот“, мајчинството едноставно не беше опција. Само што ме претворија во некаков научен експеримент!

– Бидејќи јас и мојот тогашен партнер (Марк Левинсон) би морале да бидеме достапни еден на друг за секс точно во вистинско време. Не бев во здравствена, емоционална, па дури и физичка состојба за такво нешто, затоа што работев 19 часа на ден, беше толку напорно – се присетува Ким на снимањето на филмот „Сексот и градот“, во кој ја отелотворуваше легендарната Саманта Џонс .

Во продолжение на разговорот, таа се осврнала и на другите аспекти што ја спречиле да се реализира како мајка, пренесува „Индепенднт“.

– Значи, имав 41 година, размислував и за методот на медицинско потпомогнато оплодување, но морав да донесам одлука за сопствената благосостојба. Тогаш се помирив со фактот дека веројатно никогаш нема да имам деца.

– Помислив и заклучив дека не знам дали можам да го направам тоа, мислам, можам ли да го направам сето тоа што докторот ни го кажа, а повторно да не успееме. Можевме да го направиме тоа „од А до Ш“, а јас да не забременам. И така размислував за себе и својата добробит и заклучив дека не треба да се остварам како родител. Мислам дека тоа беше клучниот момент кога одлучив дека нема да имам деца и нема да бидам мајка – изјавила актерката.

 

Поврзани содржини