САЛМОНЕЛА ВО ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ Заразени се најмалку 9 деца
Според информациите, пет ученици се во основното училиште „Владо Тасевски“, три во „Војдан Чернодрински“ и еден пријавен случај во „Јан Амос Коменски“.
Најмалку 9 деца се заразени со бактеријата салмонела во три основни училишта во општината Карпош, дознава и пренесува порталот Курир.
Според информациите, пет ученици се во основното училиште „Владо Тасевски“, три во „Војдан Чернодрински“ и еден пријавен случај во „Јан Амос Коменски“.
Според информации од родителите на децата, станува збор за најмалите деца, ученици од прво до трето одделение.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за порталот СДК изјави дека уште денеска се вршат вонредни инспекциски надзори „со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување“.
Во екипите кои вршат надзор се претставници на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Инаку, салмонелоза е болест која се пренесува преку храна и најчесто се поврзува со консумација на јајцата и претставува важен јавно здравствен проблем. Бактеријата „салмонела ентеритидис“, може да се пронајде во совршено нормални јајца за консумација, иако тие се термички необработени, бактеријата може да предизвика болест.