Селма Хаек ужива на одмор во Грција, а своите придружници речиси секојдневно ги чести со фотографии од летувањето. 53-годишната актерка сподели фотографија во темно сино бикини кое ги истакна нејзините славни облини.
Фотографијата собра над 800.000 лајкови, а фановите не штедеа на комплименти.
„Буквално изгледаш како грчка божица“, „Дали си сигурна дека имаш 53 години“, „Една од најубавите жени во светот“, „Колку си убава“, се само некои од илјадниците коментари.
„Убавице“, напиша нејзината колешка Ева Лонгорија, а наскоро се јави и Зои Салдана.
„Женоооо“, напиша кратко Салдана.
Патем, Селма го поминува годишниот одмор со сопругот, милијардерот Хенри Пино, пишува „Индекс.хр“.
FOTO: Instagram