САЛИ И МУРТЕЗАНИ ЌЕ ЈА СПАСУВААТ МАКЕДОНИЈА ОД КАТАСТРОФА Кадрите на Алтернатива поставени на најкритичните позиции во државава
Најголемо внимание од предложените имиња предизвикаа Беким Сали и Орхан Муртезани, кои во наредниот период ќе бидат на чело на Министерството за здравство, односно на МЕПСО. Интересот на јавноста за двајцата функционери на Алтернатива е голем, поради тоа што и двајцата на функциите доаѓаат во време на криза.
Од Алтернатива вчера ги објавија имињата на функционерите кои ќе заседнат на функционерските фотлеји, откако претходно беше постигнат договор за учевство на оваа партија во власта.
Најголемо внимание од предложените имиња предизвикаа Беким Сали и Орхан Муртезани, кои во наредниот период ќе бидат на чело на Министерството за здравство, односно на МЕПСО. Интересот на јавноста за двајцата функционери на Алтернатива е голем, поради тоа што и двајцата на функциите доаѓаат во време на криза.
Сали ќе треба да се справува со очајно лошата состојба во здравството во време на пандемија, додека Муртезани ќе треба да обезбеди електрична енергија во време кога во цела Европа има недостаток од струја.
Со значајни функции од партијата на Африм Гаши се здобија и Адмирим Алити, ако и Џемаил Чупи, кои ќе бидат дел од Владата на Република Македонија