САЛИ ЌЕ БИДЕ ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР, ХОЏА МИНИСТЕР ЗА ЕКОЛОГИЈА Меџити откри за кои измени се размислува во Владата
Прашан дали актулениот министер за здравство Азир Алиу ќе биде заменет од Башким Бакиу, Меџити нагласи дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори Вреди ќе ја информира јавноста.
„Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека (поранешниот министер за здравство) Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и треба деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А министер за екологија ќе биде (поранешниот владин портпарол) Мухамед Хоџа“.
Вака изјави еден од лидерите на коалицијата Вреди и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска на прес-конференција. Меџити потенцираше дека останува само да се дефинира Сали со кое Министерство ќе раководи.
Прашан дали министерот за здравство Азир Алиу ќе го замени Башким Бакиу, Меџити нагласи дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори Вреди ќе ја информира јавноста.
Меџити исто така соопшти дека коалицијата Вреди ќе ги бара гласовите на граѓаните на општините Гостивар и Врапчиште на локалните избори закажани на 11 јанари наредната година, со нови кандидати за градоначалници.