САЛАХ СЕ ЗБОГУВАШЕ СО НАВИВАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ Еѓипјанецот им се заблагодари за прекрасните 8 години на Енфилд
Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Оваа сезона 32-годишниот напаѓач на 38 натпревари постигна 30 голови и 21 асистенција.
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, откако навести можен крај на неговото патување со тимот, изрази благодарност до навивачите за поддршката.
– Сакам навивачите да паметат: Дадов се за нив и за овој град. Уживав во фудбалот, давав сѐ од себе и секогаш давав максимум. Мислам дека тоа е она што е најважно – тие ти ја даваат својата љубов и ти си поврзан со нив затоа што се даваш целосно. Само сакам да знаат дека овде поминав осум години и дадов се од себе – изјави Салах, цитиран од ТНТ Спортс.
Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Оваа сезона 32-годишниот напаѓач на 38 натпревари постигна 30 голови и 21 асистенција.