САКАВ ДА ГО УБИЈАМ Напаѓачот на Абе призна, не се ни обидел да им избега на полицајците

Обидот за атентат врз поранешниот јапонски премиер го шокираше светот. Пораки за сочуство стигнаа од Ентони Блинкен, Борис Џонсон, индискиот премиер Нарендра Моди...

2,748

Напаѓачот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе го призна делото. Тој на полицијата ѝ рекол дека не е задоволен од Абе и затоа имал намера да го убие, јавува националната телевизија НХК. Тецуџи Јамагами(41) e поранешен маринец. Тој не се ни обидел да им побегне на полицајците.

ТВ ТБС објави дека Абе бил застрелан во левата страна на градниот кош и очигледно во вратот.






Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази длабока загриженост за состојбата на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.

 

– Нашите мисли, нашите молитви се со него, со неговото семејство, со народот на Јапонија – рече Блинкен на маргините на состанокот на Г-20 на индонезискиот остров Бали.

Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека тоа е шокантен настан и дека неговите мисли се со семејството на Абе и со народот на Јапонија, додека Борис Џонсон, довчерашниот премиер на Велика Британија, рече дека е „крајно ужаснат и тажен“…

 

Индискиот премиер Нарендра Моди се огласи и рече дека е „длабоко вознемирен“ од нападот.

Според Фумиш Кишида, актуелниот премиер на Јапонија, Абе „со едната нога е во гроб“, пишува Ројтерс.

– Во моментов, лекарите прават сѐ што можат. Се надевам и се молам поранешниот премиер Абе да го преживее ова – рече јапонскиот премиер, опишувајќи го пукањето како „гнасен чин“.

Поврзани содржини