САКАТЕ ВАШИТЕ ДЕЦА ДА СКОКААТ ОД ЗГРАДА НА ЗГРАДА? Паркур на иднината нема ништо заедничко со екстремно движење

Проектот „Паркур на иднината“ кој кај нас го спроведува АРНО, користи иновативна методологија што преку игри, активности и експерименти ги инспирира младите да размислуваат за иднината на професиите, со акцент на: зелена транзиција, дигитални вештини и родова еднаквост. Патем, ќе научат и како да направат бургер со најмал јаглероден отпечаток

71

Ако не знаете што е Паркур, ќе ви објасниме, тоа е вештина на движењето чија цел е да се стигне од точка „А“ до точка „Б“ што е можно побрзо поминувајќи ги, поточно, речиси прелетувајќи ги сите препреки што ви стојат на патот.

Всушност, Паркур е ноќна мора на сите мајки и баби, а можеби и на татковците и дедовците кои се обично похрабри кога треба да се поддржат децата во некои вакви екстремни активности и спортови.






Јас како мајка, веќе го преживеав тој кошмар и иако звучи чудно, бев среќна кога син ми си го исчаши рамото, па постојано му излегуваше од лежиштето додека тој ги правеше уште своите почетни чекори во паркур.

Па се радував, навистина, си викав подобро рамо да исчаши сега отколку да го мислам после да не скрши глава.

И сето ова, освен името, нема ништо заедничко со PAFF – Parkours of the Future, проект кој кај нас го донесе АРНО.

Повеќе за ова, како и зошто го добил името на Паркур, движењето од почетокот на текстов, кое подразбира екстремни скокови и активности, прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини