САКАТЕ ТОРТА СО СВОЈОТ ЛИК И ВО ПРИРОДНА ГОЛЕМИНА? Лара Мејсон изработува сѐ што некој може да го замисли

Лара Мејсон е Британка која е вистински шампион за торти и освен што може да направи буквално сѐ што ќе си замислите, тортите ги изработува во природна големина

213

Cake Anything with Lara Mason. Токму вака гласи името на веб-страницата на Лара Мејсон, уметник за торти која изработува торти во природна големина и во облики кој само треба да си го замислите. Дури и по желба изработува торти кои можат да бидат и ваша копија во природна големина. Оваа фантастична уметница основала и The Cake Anything Club во кој може да се зачленат заинтересираните за да ги дознаат сите нејзини тајни и совети кога станува збор за неверојатни извајани и структурирани торти и колачи.

Од шаблони за рамки за торта, видео упатства, сесии за прашања и одговори во живо и место за стапување во контакт со Лара еден на еден за да ѝ поставите какви било прашања во врска со изработката на тортите што можеби ги имате. Ако сакате да видите дел од нејзината работа погледнете го видеото на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини