САКАТЕ ПРИВАТНА ВЕЧЕРА СО ТРАМП Еве кој е условот

Вечерата ќе се одржи во неговиот ексклузивен голф клуб во Вирџинија и ќе вклучува обиколка на Белата куќа.

211

Американскиот претседател Доналд Трамп им понуди, како што ја опиша, „најексклузивната покана во светот“ на приватна вечера со него лично на 220-те најголеми инвеститори во неговата криптовалута $TRUMP.

„Вечера со претседателот Трамп и заедницата $TRUMP! Покажете му на претседателот колку $TRUMP монети поседувате“, се вели во поканата.






Вечерата ќе се одржи во неговиот ексклузивен голф клуб во Вирџинија и ќе вклучува обиколка на Белата куќа.

Понудата, објавена преку промотивна веб-страница, предизвика експлозивен пораст на вредноста на таканаречената криптовалута „memecoin“ $TRUMP, која Трамп ја лансираше пред неговата инаугурација.

Само неколку часа по објавата, вредноста на валутата се зголеми за повеќе од 60%, што сугерира дека инвеститорите почнале масовно да купуваат за да го обезбедат своето место на вечерата.

Трамп отворено почна да ги поддржува криптовалутите за време на неговата претседателска кампања минатата година.

Неговата лична вклученост во промоцијата на криптовалутите беше дополнително поттикната од назначувањето на регулатори кои се залагаат за олабавување на надзорот врз пазарот на криптовалути, како и од повиците на Трамп за донесување закон што би ја зајакнал позицијата на индустријата во САД.

Медиумската група на Трамп оваа недела, исто така, објави планови за лансирање на фондови со кои се тргува на берза (ETF).

Trump Media & Technology Group, во соработка со партнери, ќе лансира производи што вклучуваат дигитални средства и активности насочени кон „направено во Америка“.

ETF се фондови што содржат различни видови средства и се тргуваат како акции.

Иницијатива, меѓутоа се проблематизира,  бидејќи претставува директна врска помеѓу финансиските инвестиции во приватната криптовалута на претседателот и пристапот до владините институции.

 

Поврзани содржини