Сакате да си го вратите стариот изглед на Фејсбук? Еве како!

Мет Круз, програмер и творец на екстензијата „Social Fixer“ сега направи екстензија и за интернет пребарувачите која се вика „Old layout“. Со помош на оваа алатка можете да си ги вратите стариот изглед на омилената социјална мрежа.

444

Доколку често ги користите социјалните мрежи, тогаш може понекогаш да ви се случи ажурирањето на тие платформи да не ви одговара или да не ви се допаѓа новиот изглед. Таков е примерот со социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи огромен број корисници не можат да го поднесат новиот изглед што го има платформата од септември годинава.

Корисниците можеа до крајот на минатиот месец да бираат дали сакаат нов или стар интерфејс, но таа опција повеќе не постои. Сепак, и понатаму можете да го вратите стариот Фејсбук, но тоа ќе мора да го сторите по „заобиколен“ пат.






Мет Круз, програмер и творец на екстензијата „Social Fixer“ сега направи екстензија и за интернет пребарувачите која се вика „Old layout“. Со помош на оваа алатка можете да си ги вратите стариот изглед на омилената социјална мрежа.

Оваа алатка практично го прелажува Фејсбук да мисли дека вие користите стар интернет пребарувач кој не може да работи со новиот изглед. Фејсбук веднаш ќе ви го врати стариот изглед и нема да бара од вас да вршите некои посебни подесувања. Едноставно, ја инсталирате „Old Layout“ на вашиот интернет пребарувач, посетувате Фејсбук и ќе го видите стариот добар интерфејс.

Доколку ви останал Фејсбук отворен додека сте ја инсталирале оваа алатка, потребно е да ја освежите страницата неколку пати за да се забележи ефектот. Со клик на иконата „екстензија“ во горниот десен агол, можете да бирате помеѓу стариот и новиот Фејсбук.

Но, ве предупредуваме и дека оваа алатка има и свои недостатоци. Фејсбук секојдневно ќе ве известува дека користите стар интернет пребарувач и дека треба да го ажурирате. Некои игри или апликации на оваа социјална мрежа нема да можете да ги користите затоа што стариот Фејсбук не ги поддржува.

Поврзани содржини