САКАТЕ ДА ПАТУВАТЕ ВО САД? Ова се петте основни правила за влез во земјата од 8 ноември!
За време на пандемијата, во Соединетите држави им беше дозволено да патуваат само државјани на САД, иматели на работни и дозволи за престој и на оние со посебни дозволи.
Белата куќа претстави план за тоа како странските граѓани ќе можат да влезат во Соединетите држави за прв пат од почетокот на пандемијата, кој ќе стапи на сила на 8 ноември.
Прво правило
Сите вакцини одобрени од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) („Фајзер“, „Модерна“ и „Јенсен“) и Светската здравствена организација (покрај горенаведените и „АстраЗенека“, „Ковидшилд“, „Синофарм“ и „Синовак“) ќе бидат признати од американските власти за влез во државата. Тоа значи дека на патниците кои биле вакцинирани со овие вакцини ќе им биде дозволен влез во САД.
Второ правило
Патниците ќе треба да покажат доказ за вакцинација пред да се качат во авион, кој ќе го проверуваат авиокомпаниите. Тие, исто така, ќе проценат дали сертификатот е издаден од официјален орган во одредена земја.
Трето правило
Патникот мора да ја прими втората доза од вакцината најмалку 14 дена пред патувањето.
Четврто правило
Невакцинираните патници – и странски државјани кои се постојани жители на Соединетите држави и странски државјани кои се сметаат за ослободени од вакцинација – ќе можат да влезат во Соединетите држави, но ќе треба да се тестираат за коронавирус во рок од 24 часа по пристигнувањето.
Петто правило
На патниците помлади од 18 години не им е потребна целосна вакцинација за да влезат во САД. Белата куќа објасни дека одлучила да го стори тоа поради неусогласеноста меѓу правилата и дистрибуцијата на вакцината до помладите возрасни групи во различни земји. Сепак, малолетниците ќе треба да достават потврда за негативен тест за инфекција, во рок од најмногу 72 часа по напуштањето на САД.
Ограничувањата за патување во Соединетите држави беа воведени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп на почетокот на пандемијата со ковид-19, а забраната, меѓу другите, се однесуваше и на Европската унија, Кина, Иран, Индија и Бразил. Кога Џо Бајден дојде во Белата куќа во јануари оваа година, тој го продолжи тој указ и сега земјата конечно повторно ќе се отвори за странци. Најголемиот притисок за укинување на мерките дојде од туристичкиот сектор.
– Во интерес на Америка е да се откаже од билатералните договори за отворање на границите што ги воведовме поради пандемијата. Ќе се потпреме колку што е можно повеќе на вакцинацијата за повторно да воспоставиме безбедни воздушни врски – објасни Бајден на презентацијата на правилата.
За време на пандемијата, во Соединетите држави им беше дозволено да патуваат само државјани на САД, иматели на работни и дозволи за престој и на оние со посебни дозволи.