📽 САКАШЕ ДА ЈА БАКНЕ ИЛИ БЕШЕ САМО СРДЕЧЕН? Топлата прегратка на Сунак и Мелони го запали интернетот

Мелони се засмеа, но се чини дека ѝ годеше укажаното внимание.

820

Преголемата топлина и приемчивост на британскиот премиер кој како да сакаше да ја бакне за миг ја одбија и зачудија неговата италијанска колешка Џорџа Мелони при нивното поздравување на самитот Г-7 во Бари во Италија. Сунак и Мелони долго се држеа во срдечна прегратка, а откако се зачуди Мелони се засмеа и веќе не пробуваше да се оттргне од нежното држење за раце.

Се чини дека на Мелони ѝ годеше укажаното внимание.






Снимките од поздравот станаа вирални на интернет. Започна лавината од коментари.

На самитот Сунак треба да објави пакет од 242 милиони фунти за финансирање за хуманитарни, енергетски и стабилизациони потреби во Украина.

Земјите-членки на Г7 треба да разговараат за деблокирање на заемот од 50 милијарди долари за Киев, кој би бил обезбеден со камата од запленетите руски средства.

Г7 е меѓувладин политички и економски форум кој се состои од седум економски водечки земји во светот – САД, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија и Јапонија. На самитот учествуваат и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет.

 

 

 

Поврзани содржини