САКАШ ДА ОДИШ НА СВЕТСКО ВО КАТАР? Голема наградна игра на НЛБ Банка и на Visa

Во наградната игра ќе бидат доделени 60 дневни, 12 неделни и 2 главни награди, а секоја трансакција од минимум 300 денари преку НЛБ Visa кредитните картички носи нова шанса за награда.

23

Во пресрет на Светското првенство во фудбал кое оваа есен ќе се одржува во Катар, НЛБ Банка и Visa организираат „ГООООЛема наградна игра!“.

Според правилата на наградата игра, сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички кои, во периодот од 1 септември до 15 октомври 2022 година, ќе направат најмалку една трансакција на износ од минимум 300 денари, стануваат потенцијални добитници на една од двете главни награди – патување и престој за двајца на Светското фудбалско првенство во Катар.






Покрај двете главни награди, предвидени се и дневни и неделни награди во форма на фудбалски топки и специјални спортски сетови. Извлекувањето на дневните награди ќе се врши секој работен ден, почнувајќи од 2 септември до 17 октомври 2022 година, додека неделната награда – спортски сет, ќе се доделува секоја среда, во истиот временски период.

Двајцата среќни добитници кои ќе патуваат за Катар ќе ги дознаеме на 17 октомври, кога е закажано извлекувањето на главните награди.

Во наградната игра ќе бидат доделени 60 дневни, 12 неделни и 2 главни награди, а секоја трансакција од минимум 300 денари преку НЛБ Visa кредитните картички носи нова шанса за награда.

Повеќе информации за наградната игра може да добијат на следниот линк.

Поврзани содржини