САКАМЕ ПЛАТА ДОБРА, НО НЕКОЈ ЈА ОБРА! Фондот за здравство опеан во балада (ВИДЕО)

Песната деновиве ја „откопаа“ корисници на социјалните мрежи и им ја понудија како утеха на лекарите и на медицинските лица кои сè уште не ја зеле платата за јануари.

1,966

Нашиот Фонд за здравство отсекогаш бил „ноќна мора“ за лекарите и за пациентите, дотаму што дури е опеан во песна од 2005 година, што ја пее нашата позната интерпретаторка Тања Кочовска. Текстот е на познатиот македонски текстописец професор и лекар Миодраг Врчакоски, а тој е автор и на оригиналната верзија „Галебе мој тажен“, по музика на Кире Костов.

Доктор Врчаковски, како долгогодишен лекар, запознаен со проблемите, на нему својствен, сатиричен начин, го опева нашиот Фонд и сите негови маки и слабости, како и маките на лекарите и пациентите со него. Оваа верзија е пишувана за мјузиклот „Докторска одисеја 2005“, во авторство на д-р Врчаковски.






Песната деновиве ја „откопаа“ корисниците на социјалните мрежи и им ја понудија како утеха на лекарите и на медицинските лица кои сè уште не ја зеле платата за јануари. Доцнењето овојпат е поради хакерски напад на компјутерскиот система на Фондот, но според последните најави проблемот е решен и плата ќе има. Ако не утре, оваа недела. Ако не оваа, следната сигурно.

Дотогаш може за тешат со вечната „Балада за Фондот за здравство“:

 

Поврзани содржини