САКАМ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА Жиру најави дека ова е неговиот последен Мундијал

На СП доаѓам како играч, кој сосема сигурно последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Многу сум мотивиран, како да ми е прв пат. Сакам да уживам во секој момент. И, секако, сакаме да ја одбраниме титулата, изјави Журу.

58

Францускиот фудбалски репрезентативец Оливие Жиру најави дека претстојното Светско првенство (СП) во Катар ќе му биде последно во кариерата.

– На СП доаѓам како играч, кој сосема сигурно последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Многу сум мотивиран, како да ми е прв пат. Сакам да уживам во секој момент. И, секако, сакаме да ја одбраниме титулата – изјави Журу.






– Ќе дадам 200 отсто за тимот. За мене е еден вид благослов што ќе имам шанса да играм за својата земја на трето СП. И натаму сум гладен за трофеи – додаде 36-годишниот Жиру.

Франција во Катар ја почнува одбраната на светската титула во група о Австралија, Данска и Тунис.

Поврзани содржини