„САКАМ ДА СИ ОДАМ ДОМА!“ Кога немате поим каде сте, ниту кои се луѓето околу вас!

Кога секој ден губите по некоја коцка од вашиот живот и сè околу вас се распаѓа како кула од карти. Кога почнува да ви ги снемува работите, кога некој ви ги краде парите, ви ја крие облеката, а се сомневате и дека сакаат да ве отрујат. Кога никој не ви верува, а и вие не верувате никому… На 21.09 во просториите на МладиХаб во центарот на Скопје со почеток во 18 часот ќе биде одбележан Светскиот ден на Алцхајмер.

592

„Ги отворате очите наутро и немате поим каде сте. Ништо не ви е познато. Само сакате да спиете и се надевате дека следниот пат кога ќе ги отворите очите ќе бидете дома.

Се врткаат некои луѓе кои не ги познавате, ви влегуваат во соба, ви пребаруваат низ плакарот, ви кажуваат што да облечете, а кога ќе им кажете: „Кој сте вие, ај одете си!“, тврдат дека ви се деца.






Не можете да се сетите ни дали навистина имате деца, нешто како низ магла мислите дека имате, ама тој, таа или тие што стојат пред вас, не ви личат на деца, тоа се некои средовечни луѓе.

Вие само сакате да си одите дома. Не знаете каде сте, ниту како да излезете оттаму. Целиот досегашен живот почнува да ви се лизга низ раце, а вие постојано пропаѓате сè подлабоко и подлабоко во понорот на Алцхајмер…

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини