„САКАМ ДА РАБОТАМ“ ГО ЧЕСТИТА 8 МАРТ СО ПОРАКА ДО МАЖИТЕ Жената е цвет кој се чува и негува секој ден!
Различните приредувачи на игри на среќа кои на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија, се една од ретките економски гранки во која значителното мнозинство вработени се жени, истакнуваат од здружението „Сакам да работам“. Тие за 8 март порачуваат дека ќе продолжат доследно да ги заштитуваат правата на своите вработени со посебен акцент на понежниот пол.
Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, на сите жени им го честита Меѓународниот ден со пораката адресирана до мажите: „Жената е цвет кој се чува и негува секој ден, без исклучок, 365 дена во годината!“
За жал, жените, мајките, девојките и во денешно време се борат со одредени предрасуди, особено ако работат професии кои во општеството се оцрнуваат заради наметнати стереотипи со кои е многу тешко да се избориш, велат од Здружението.
„Различните приредувачи на игри на среќа кои на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија, се една од ретките економски гранки во која значителното мнозинство вработени се жени.
Затоа, ја користиме денешната прилика на сите жени кои работат во секторот игри на среќа јавно да им изразиме признание за храброста и одважноста што достоинствено се справуваат со сите предизвици, особено со начинот на кој некој однадвор, без никакви познавања на приликите, неосновано го омаловажува нивниот професионален статус.
Здружението „Сакам да работам“ заедно со асоцијациите и претставниците на менаџментот ќе продолжат доследно да ги заштитуваат правата и да ги исполнуваат сите обврски кои произлегуваат од работниот однос за сите вработени, со посебен акцент на понежниот пол кој е фундаментот на кој се потпира внатрешната организациска поставеност на секторот игри на среќа.
Конечно, изразуваме благодарност до сите надлежни државни институции, особено полициско-безбедносните структури кои се секогаш подготвени да одговорат на сите евентуални обиди за нарушување на јавниот ред и мир и со тоа ги заштитуваат нашите вработени и им влеваат сигурност што е многу важен предуслов за оваа професија“, истакнуваат од „Сакам да работам“.